Олимпик Лион се соочува со најтешките моменти во клупсјата историја. Француската фудбалска федерација, во вторникот, го исфрли клубот од Лига 1, а како што стојат работите УЕФА нема да му дозволи да се натпреварува во Лига Европа.
Лион е исфрлен во втората лига поради огромниот долг, се спеменува сума од 422 милиони евра.
Клубот во јануари доби опомена да го намали долгот, а откако не го направи тоа во дадениот рок, ФФФ реагираше со жестока казна.
Истото ќе го направи и УЕФА. Минатата сезона, Олимпик Лион заврши на петтото место, со што избори директен пласман во лигашката фаза од Лига Европа. Доколку УЕФА го елиминира Лион, два клуба ќе профитираат од таквата одлука.
Стразбур, наместо во плеј-офот за место во Конференциската лига, би играл Лига Европа, додека Ленс, кој беше рангиран на седмото место во Лигата 1, би скокнал во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Се уште се очекува потврда од УЕФА, но како што стојат работите сега, малку е веројатно дека нешто ќе се промени. Лион најави жалба до Лигата 1, според информациите од Франција, таа ќе биде само формална.