УСАДА прикрила допинг на американски спортисти

УСАДА прикрила допинг на американски спортисти

пред 3 месеци

Американската антидопинг агенција (УСАДА) призна дека gi прикрила случаите на допинг во своите редови. Во ексклузивен текст што го објави Ројтерс, се наведува дека УСАДА им дозволила на своите спортисти кои паднале на допинг тестовите да продолжат да се натпреваруваат, без да ja информираат Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Од Светската антидопинг агенција (ВАДА), изјавија дека е спротивно на нивниот код да им се дозволи на спортистите фатени со допинг да се натпреваруваат каде било и потенцијално да освојуваат пари и медали.

Наводно, станува збор за случаи меѓу 2011 и 2014 година, а тие спортисти сега се во пензионирани. ВАДА изјави дека станува збор за двајца помалку познати тркачи, но и за уште еден познат и успешен.

„ВАДА стана свесна за најмалку три случаи на спортисти кои извршиле сериозни прекршувања на анти-допинг правилата и им било дозволено да се натпреваруваат со години додека биле под УСАДА без никој да ја извести ВАДА“, се наведува во соопштението за Ројтерс и се додава дека на ниту еден од спортистите не му биле одземени медалите што ги освоил, ниту пак им се одземени парите што ги заработиле од освоените награди.

Од УСАДА, пак, велат дека се одлучиле на овој потег за да ги користат допингуваните спортисти како доушници, кои пак ги кодошеле сите вклучени во антидопинг шемата во Америка.

„Ова е ефикасен начин за решавање на поголеми, системски проблеми“, се обиде да го оправда овој потег извршниот директор на УСАДА, Тревис Тајгарт.

Според правилата на УСАДА, спортистите кои значително помагаат во некои допинг истраги можат да поднесат барање за суспензија или намалување на постојната казна.

Ова не значи дека – дури ни според правилникот на УСАДА – секој спортист може да продолжи да се натпреварува пред прво да биде санкциониран за прекршоци.

Тајгарт додаде дека УСАДА повеќе нема да ја применува оваа тактика, освен ако не биде одобрена од ВАДА, но дека неговата организација смета дека тоа што било направено е во рамките на дзволеното.

Share
Scroll to Top