Усик го победи Фјури со едногласна одлука на судиите

Усик го победи Фјури со едногласна одлука на судиите

пред 2 часа

Украинецот Олександер Усик (37) го победи Британецот Тајсон Фјури (36) со едногласна одлука во реваншот неколку месеци по нивната прва борба. Усик на тој начин ги одбрани светските титули во тешка категорија во ВБА, ВБО и ИБО. Боксерскиот спектакл се одржа во престолнината на Саудиска Арабија, Ријад.

Во нивното прво соочување, пред седум месеци, Усик ја освои и титулата во верзијата ИБФ, но во меѓувреме ја загуби поради посебни правила на организацијата.

Усик останува непоразен во 23 професионални борби, додека Фјури остана на 34 победи. Единствените два порази му ги нанесе Усик.

Вљувениците во боксот видоа 12 незивесни рунди и одличен бокс од двете страни.

По претпазливиот старт, Фјури го потресе Усик во втората рунда и од тој момент, Фјури изгледаше како да доминира во воведните рунди. Во шестата рунда, Усик, карактеристично за него го засили темпото и успеа да добие неколку рунди по ред, честопати принудувајќи го Фјури да се повлече кон јажињата.

Фјури бараше силни удари, додека Усик најмногу се закануваше со комбинации и брзи удари по главата и телото. Украинецот вешто го избегнуваше Фјури и во ниту еден момент не му овозможи блиска борба.

Во последните четири рунди уште еднаш видовме многу тесна борба и кога ѕвоното означи крај на мечот, веројатно никој освен судиите не знаеше кој ќе биде победник.

Набрзо беше објавено дека судиите едногласно одлучија дека победникот е Усик.

Share
Scroll to Top