УФЦ: Дали ваков удар треба да се забрани?

УФЦ: Дали ваков удар треба да се забрани?

пред 3 години

Американецот Калил Раунтри се врати со победа на УФЦ Вегас 36, откако имаше брутален удар во ногата на противникот Модестас Букаускас, удар кој предизвика многу дискусија на социјалните мрежи околу тоа дали воопшто треба да биде дозволен во спортот.

Се верува дека ова е прв нокаут со ваков удар во УФЦ шампионатот, а се верува дека Букаускас заврши со скинати лигаменти во коленото, но и со скршеница на тибијата. Раунтри се пофали дека ударот не е случаен.

„Не го правев на тренинг-кампот бидејќи не сакав да ги повредам тренинг-партнерите. Но, денеска мислев само на победа. И на крајот победив. Не се кријам, ја завршив работата“, изјави Раунтри.

Раунтри потоа го посети својот повреден ривал и му посака брзо заздравување, но на социјалните мрежи дел од фановите сметаа дека Американецот треба да добие казна за удар кој е легален, но „неетички“.

Share
Scroll to Top