Уште еден пресврт во Шпанија – Леванте во луд меч извлече реми со Барса

Уште еден пресврт во Шпанија – Леванте во луд меч извлече реми со Барса

пред 3 години

На Барселона ќе и треба чудо за да стане шпански шампион, откако на гостувањето кај Леванте и покрај тоа што двапати водеа одиграа само 3:3 против тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој одигра повеќе од еден час од натпреварот.

Тимот на Роналд Куман имаше совршен старт – Лео Меси во 25. минута ги донесе во водство, за во 34. минута Усман Дембеле да му асистира на Педри за 0:2, резултат со кој се отиде на полувреме. Но, потоа следуваше шокот во две минути – Гонзало Мелеро во 57. и Хозе Моралес во 59. минута успеаја да израмнат за тимот од Валенсија.

Сепак, изгледаше дека Барса повторно обезбеди три поени во финишот, кога Усман Дембеле ја продолжи одличната форма со гол во 64. минута. Кога се чекаше крај на натпреварот, Серхио Леон во 83. минута израмни на 3:3 за шок на Каталонците.

Овој резултат значи дека Атлетико Мадрид остануваат лидери со 77 поени, Барса е втора со 76, а Реал трет со 75 поени – Каталонците имаат само два меча до крајот, додека мадридските клубови имаат уште три меча.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top