Арсенал претрпе уште еден тежок удар во дедефанзивниот дел од тимот. Кристијан Москера ќе отсуствува најмалку шест недели поради комплицирана повреда на глуждот што ја заработи во победата против Брентфорд во средата.
Со оглед на тоа што Габриел Магаљаеш и Вилијам Салиба веќе се надвор од тимот, „топџиите“ се соочуваат со сериозни проблеми во одбраната, во клучниот период од годината.
Москера мораше да ја напушти играта за време на победата на Арсенал од 2:0 над Брентфорд откако направи незгоден старт, а првичните проценки сугерираат дека шпанскиот дефанзивец ќе отсуствува помеѓу шест и осум недели.
Неговата повреда дополнително го прошири списокот на повредени дефанзивци и создаде нови главоболки за тренерот Микел Артета, чиј тим се бори на неколку фронтови.
Арсенал е веќе без Салиба и Габриел. Французинот наводно е само „неколку дена“ од враќањето по мала повреда на тренинг, додека Бразилецот би можел да биде надвор од теренот до јануари поради проблем со бутниот мускул.
Во нивно отсуство, Москера формираше централен бек со Пјеро Хинкапи.
Артета сега ќе мора да формира нов пар во централниот дел од одбраната, извесно е дека покрај Хинкапи е ќе игра Калафјори.
Foto/ EPA






