Светската автомобилска федерација го објави календарот на Формула 1 за следната сезона.
Следната година ќе имаме 24 трки, идентични како оваа сезона, со таа разлика што во календарот влегува Големата награда на Мадрид, додека Големата награда на Емилија Ромања во Имола е избришана од календарот.
Ова значи дека ќе имаме две трки што ќе се возат на шпанска територија, додека Италија останува на една.
Сè ќе започне од Австралија на 6 март, додека сезоната традиционално ќе заврши во Абу Даби на 6 декември.
Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, најави незаборавна сезона.
„Годината 2026 означува нова ера за Формула 1, каде што ќе имаме сосема нов сет правила за спортот, автомобили и мотори кои ќе користат 100% одржливо гориво. Многу сме задоволни што го гледаме Мадрид во календарот за прв пат, и што ги гледаме големите автомобилски брендови како што се Ауди, Кадилак и Форд како влегуваат во Формула 1.
Ќе биде незаборавна сезона, каде што повторно ќе имаме 24 фантастични трки низ целиот свет за да ги гледаме најдобрите светски возачи како ги поместуваат границите на своите способности и обезбедуваат неверојатни битки од тркало до тркало за милиони наши фанови низ целата планета.
Сакам да им се заблагодарам на сите наши фанови за нивната страсна поддршка, како и на ФИА, волонтерите, стјуардите и службените лица, како и на промотерите, партнерите, спонзорите, градовите домаќини и локалните авто-мото здруженија за нивната посветеност и поддршка во реализацијата на овој календар, за кој сум уверен дека ќе означи уште една историска година за Формула 1.“
Save the date
Presenting the 2026 Calendar
24 races across the world to crown our champion
#F1 #Formula1 pic.twitter.com/4xe7e8MPM6
— Formula 1 (@F1) June 10, 2025