ФА Куп: Евертон „налета“ на Сити, „ѓаволите“ гостуваат кај Лестер

ФА Куп: Евертон „налета“ на Сити, „ѓаволите“ гостуваат кај Лестер

пред 4 години

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) иако уште не е одигран последниот меч од осминафиналето на ФА купот, со ждрепка ги одреди паровите за четврт-финалето, во кое секако, најмногу внимание ќе предизвика мечот меѓу Евертон и Манчестер сити.

„Карамелите“ вчера во луд меч по продолженија со 5:4 го победија Тотенхем, и награда за тоа им е дуел со Манчестер сити, лидерот во Премиер лигата кој има рекордни 15 победи во низа во сите натпреварувања.

Интересен дуел е и тој меѓу Лестер и Манчестер јунајтед, два високопласирани клубови во Премиер лигата, додека Саутемптон ќе гостуваат кај второлигашот Бурнемаут. Во последниот пар, последнопласираниот премиерлигаш Шефилд јунајтед ќе гостува кај подобриот од дуелот Барнсли-Челси, кој се игра вечерва.

ФА КУП, 1/4 ФИНАЛЕ

Евертон – Манчестер сити

Бурнемаут – Саутемптон

Лестер – Манчестер јунајтед

Барнсли/Челси – Шефилд јунајтед

Share
Scroll to Top