Фаворитите се чистат уште во осминафинале – Лукаку против Роналдо!

Фаворитите се чистат уште во осминафинале – Лукаку против Роналдо!

пред 3 години

Стадионот во Севилја, вечерва од 21 часот ќе ги нагости селекциите на Португалија и Белгија во четвртото осминафинале на ЕУРО2020.

Актуелниот европски првак со феноменалниот Кристијано Роналдо во тимот ќе му се спротивстави на лидерот на ФИФА ранг листата, тимот на Белгија предводен од голгетерот Ромелу Лукаку.

Белгиската репрезентација никогаш во историјата не освоила ништо на големите натпреварувања, а генерацијата на Лукаку, Де Брујне, Муние, Куртоа, Азар е еден од фаворитите на ова првенство.

Селекторот Роберто Мартинез нема проблеми со составот за овој меч, ќе недостасува само Кастањ кој се повреди уште во првиот меч против Русија во групната фаза.

„Тие се победничка екипа. Тие се носители на овој турнир, шампиони се, имаат тренер кој знае да ја прилагоди екипата кон противникот. Не очекува тежок меч“ смета Мартинез.

На другата странa, предводникот на Португалците, искусниот Фернандо Сантош се потпира на индивидуалните квалитети на Роналдо, но не смее да се потценат и квалитетите на Пепе, Бруно Фернандеш и голманот Руи Патрисио.

„Мора да се држиме до своите принципи. Ако направиме промена, тоа е затоа што сакаме да играме на одреден начин. Не се менуваме само поради противникот, тоа го прават малите екипи. Екипа одмораше 4 дена“ – вели Сантош кој на денешниот меч нема да може да смета на услугите на Кансело и на Мендез.

Share
Scroll to Top