Фановите на Барса незаинтересирани за мечевите, ниту за одмаздата против Баерн

Фановите на Барса незаинтересирани за мечевите, ниту за одмаздата против Баерн

пред 3 години

Финансиската криза во Барселона, заедно со заминувањето на Лионел Меси очигледно ги фрли навивачите на каталонскиот гигант во очај, откако клубот се пожали дека не може да ги продаде предвидените билети за мега-дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Дуелот со Баерн би требало да биде шанса за одмазда по посрамувачкиот 8:2 пораз од пред две години, и каталонските власти дозволија 40 отсто од билетите да бидат ставени на продажба – односно 40.000 билети. Клубот почна со продажбата и со закажувањето на сезонските билети, но успеа да дојде до само 31.213 билети.

Ова не е прв случај фановите да покажат незаинтересирани. На мечот со Хетафе, кога беа достапни 20 отсто од билетите (околу 20.000), беа побарани само 19.136. Според „Марка“, во клубот се загрижени и се фокусираат на тоа да ја вратат довербата на таканаречените „соци“, верните навивачи на клубот, посебно бидејќи со продажбата на билети ќе се намали финансиската „дупка“ во која се наоѓа Барса.

Share
Scroll to Top