Фати доби подарок – луксузен автомобил, ама не смее да го вози!

Фати доби подарок – луксузен автомобил, ама не смее да го вози!

пред 4 години

Младата фудбалска ѕвезда на Барселона, Ансу Фати моментно се опоравува по тешката повреда на коленото која ја здоби пред неколку месеци. Сепак, тој се најде во центарот на вниманието на јавноста поради случувањата надвор од фудбалскиот терен.

18-годишниот напаѓач на Каталонскиот клуб е избран за еден од амбасадорите на „СЕАТ“, а производителот на автомобили му подари луксузно издание – најновиот модел на „SEAT Cupre“.

Сличен подарок добија и останатите фудбалери на Барса, но проблемот на Фати е најголем. Тој има само 18 години, а се уште нема возачка дозвола, па засега подарокот нема да смее да го вози.

Share
Scroll to Top