Роџер Федерер изјавил дека нема шанси да го елиминира Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос. Според ждрепката, дуелот на осмиот и првиот носител на турнирот е можен во четврт-финалето.
Федерер во првите две рунди ги победи Денис Истомин и Марин Чилиќ, на патот до четврт-финалето мора да го мине Кепфер и победникот од дуелот Беретини-Квон.
„И понатаму не верувам дека можам далеку да стигнам на турнирот или пак да го елиминирам Новак. Во првата рунда не изненадив, но во втората да. Сега треба да видам како ќе ми реагира телото. Ментално сум се посилен и посилен. Играм со повеќе самодоверба“, рекол Федерер.
Швајцарецот проговорил и за дуелот со Чилиќ, кој го доби со 3:1.
„Не очекува дека ќе играм толку добро, дека ќе имам енергија. Тоа е она што ми треба…Ќе биде интересно да видиме како ќе се чувствувам наредниот ден. Ќе биде тоа интересен тест за мене“.