Федерер: Не се вратив да играм во второ коло на мали турнири

Федерер: Не се вратив да играм во второ коло на мали турнири

пред 4 години

Роџер Федерер има одиграно само два меча во последните 14 месеци по двојната операција на коленото минатиот февруари, но тоа не значи дека е подготвен да ги спушти своите стандарди и да игра на било кои турнири.

Тој се врати во Доха овој месец, но потоа се повлече од турнирите во Дубаи и Мајами за да се врати дома за да има „тренинзи пред големите турнири“. Сепак, ветеранот вели дека се вратил да се бори за најголемите тениски титули.

„Сакам да победувам на големите турнири против најдобрите на светот. Не се вратив да играм во второ коло на малите турнири. Знам што е потребно да го направам тоа. Делумно се работи за сон, а делумно за логика. Онака, логичен сон. Работам напорно, иако не зборувам за тоа. Се надевам дека луѓето го сфаќаат тоа“, вели Швајцарецот.

Share
Scroll to Top