Федерер по елиминацијата од Вимблдон: Морам да одморам и да размислам како понатаму

Федерер по елиминацијата од Вимблдон: Морам да одморам и да размислам како понатаму

пред 3 години

Роџер Федерер не може да каже дали вчерашниот меч против Хуберт Хуркач бил последен на Вимблдон, во неговата кариера.

Хуркач, во три сета со 6/3, 7/6, 6/0, го победи легендарниот Швајцарец, во четврт-финалето.

Федерер, наредниот месец ќе наполни 40 години. Поради тоа логично се наметнува прашањето дали Роџер ќе се пензионира.

„Навистина не знам. Морам добро да размислам. Секогаш целта ми бидал да играм во Вимблдон и да освојам уште една титула. Оваа година успеав да дојдам, тоа ме прави среќен. Минатата година поради пандемијата не се играше Вилблдон. Морам да се одморам неколку дена и да донесам одлука дали ќе играм на Олимписките игри“, рекол Федерер и дополнил.

„Нема да се пензионирам. Кога сте во процес во како што се наоѓам јас, мора да се движите полека, не можете со еден чекор да прескокнете планина. Вимблдон беше првиот чекор, морам да седнам, да се одморам, да размислам. Морам да видам како реагира моето тело, во кава состојба е, како се моите колена. Видовте дека во Хале против Феликс и овде против Хуркач, се мачам во одредени периоди од играта. Морам да размислам и да донесам вистински одлуки. Целта е да играм“.

Share
Scroll to Top