Ферстапен вели дека нема што да докажува по „боцката“ од Хамилтон

Ферстапен вели дека нема што да докажува по „боцката“ од Хамилтон

пред 3 години

Возачот на Ред бул, Макс Ферстапен инсистира дека нема што да докажува во борбата за титулата со Луис Хамилтон во Мерцедес, откако седумкратниот светски шампион изјави дека ја гледа „желбата“ во очите на Холанѓанецот.

Хамилтон има 14 поени предност во генерален пласман пред Монако ГП трката овој викенд со три победи во првите четири трки и смета дека со однесувањето на Ферстапен на патеката се гледа дека тој е подготвен да ризикува, како на Шпанското ГП пред две недели. Ферстапен не се согласува.

„Не, немам што и кому да докажувам. Мислам дека е потребно двајца возачи да избегнат контакт и засега тоа го правиме. Се тркаме, но нема контакти и се надевам дека така ќе продолжи“, вели Ферстапен.

На првата трка од сезоната во Бахреин, Ферстапен излезе надвор од границите на патеката кога го помина Хамилтон во финишот на трката, но стјуардите му наредија да го врати местото. Во Имола пак, Хамилтон пак го оштети болидот откако налета на шикана во обид да го сопре Ферстапен, за на крајот на Каталуња, Ферстапен да го помине од внатрешната страна.

Share
Scroll to Top