Ферстапен: Доста е, од четвртокот одговараме на глупави прашања

Ферстапен: Доста е, од четвртокот одговараме на глупави прашања

пред 3 години

Макс Ферстапен реши да стави крај на приказните и прашањата поврзани со инцидентот што се случи на Големата награда на Велика Британија, во кој беа вклучени тој и Луис Хамилтон.

На прес конференцијата, по завршувањето на квалификациите за утрешната Голема награда на Унгарија, најмногу прашања биле поставени во врска со инцидентот од пред две недели.

Еден од новинарите се обидел да му постави прашање, што ќе се случи доколку во недела се најде во слична ситуација каква што беше онаа во Силеверстон.

„Можеме ,и да престанеме да зборуваме на таа тема? Толку прашања поставивте за тој инцидент, веќе е смешно. Од четвртокот одговараме на глупави прашања. Можеби е време да прекинеме. Ние сме натпреварувачи, ќе се тркаме. Ќе дадеме се од себе, но ќе бидеме фер“, рекол Ферстапен.

Хамилтон воопшто не сакал да одговара на прашањата за инцидентот во Силверсон.

Британецот, утрешната Гоелма награда на Велика Британија ќе ја започне од пол-позицијата, зад него ќе бидат Валтери Ботас и Макс Ферстапен.

Share
Scroll to Top