Макс Ферстапен го задржа максималниот учинок во квалификациите оваа сезона. Актуелниот шампион во Имола ја освои седмата пол-позиција оваа сезона.
Ферстапен до пол-позицијата дојде откако Ред Бул се соочуваше со многу проблеми на тренинзите, во квалификации покажа зошто е трикратен светски првак. Холанѓанецот, сметајќи ја и последната трка од минатата сезона е во серија од осум победи во квалификациите, со што го изедначи рекордот на легендарниот Аиртон Сена.
Шампионот, во квалификациите за 74, односно 91 илјадити делови од секундата беше побрз од возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис.
Домашната публика е разочарана од резулатот на Ферари. Шарл Леклер заврши на четвртото, а Карлос Саниц на петтото место. Шпанецот за една илијадитинка беше побрз од Џорџ Разел (Мерцедес).
Следуваат Јуки Цунода (РБ), Луис Хамилтон (Мерцедес), Даниел Рикардо (РБ) и Нико Хулкенберг (Хас).
Во квалифкациите разочараа Фернандо Алонсо кој ќе стартува од 19.место и Серхио Перез кој трката ќе ја започне од 11. место.
Трката за Големата награда на Емилија Ромања, в недела ќе започне во 15 часот.