Ферстапен на пол-позицијата во Остин

Ферстапен на пол-позицијата во Остин

пред 9 часа

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на САД. Актуелниот шампион, во Остин, до пол-позицијата дојде со најбрзиот круг 1:32.510 минути.

Ферстапен, претходно победи во спринтот, зад себе ги остави Ландо Норис од Мекларен и Шарл Леклер од Ферари. Норис за второто место имаше подобар резултат од Леклер за шест илјадити делови од секундата. Трката од вториот ред, веднаш до Леклер ќе ја започне Џорџ Расел.

Зад него се неговиот поранешен тимски колега Луис Хамилтон и Оскар Пкастри.

Лидерот во генералниот пласман, Пјастри, разочара во квалификациите. Нема информации дали има проблеми со болидот, откако беше актер во инцидентот што се случи во првиот круг, во спринт трката.

Трката во Остин, за Големата награда на САД ќе започне во 21 часот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top