Ферстапен: Јас и Луис сме различни светови, не би правел она што тој го прави!

Ферстапен: Јас и Луис сме различни светови, не би правел она што тој го прави!

пред 3 години

Холандскиот Ф1 возач, Макс Ферстапен сезонава изгледа како голем фаворит за титулата светски првак. Тој се труди да ја прекине доминацијата на Луис Хамилтон која трае од 2017 година.

Пред трката на Силверстоун, пред која Ферстапен има предност од 32 бода во генерален пласман, во интервју за „Daily Mail“ зборува за тоа колку се тие двајца различни.

„Никогаш не би се дружел со познати луѓе само поради мојот профил на друштвените мрежи. Можеш да си пријател со некои селебрити, но јас се дружам само со оние кои ги сметам за пријатели. Не можам да ги викам пријатели кога не ми се тоа“ вели Ферстапен.

За разлика од него, Луис Хамилтон е активен на социјалните мрежи и истите ги користи како платформа за политички и социјални теми, но и за фалење на стилот, облеката, животот и средбите со ѕвездите од шоу-бизнисот.

„Не следам колку следења имам на Инстаграм или Твитер или колку лајкови сум добил на некој пост. Тоа воопшто не ме интересира. Кога сум во Холандија, што не е често, пред се сум дома и со друштво. Во добри односи сум со Хамилтон, се е во ред. Постои меѓусебно почитување, но ние сме различни светови, не би го правел она што тој го прави“ рече Ферстапен.

Share
Scroll to Top