Кошаркарите на Филаделфија го совладаа Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“ со 119:112. Во првиот меч на Божиќ, гостите славеа благодарение на најголемите ѕвезди на својот тим, Џоел Ембид и Џејмс Харден.
Филаделфија стигна до осмиот последовен триумф во НБА лигата и сега имаат ефект, 20-12.
Њујорк Никс го започна овој меч, првиот период го доби со 37:25, но потоа домаќините застанаа и ја загубија секоја од следните три четвртини.
Ембид беше најефикасен со 35 поени и осум скока, додека Харден додаде 29, со дури 13 асистенции.
Во редовите на Њујорк Никс се истакнаа Рендл со 35 поени и осум скока, Бренсон додаде 23 поени и 11 асистенции, а Барет 17 со 10 скока.