Маурицо Сари, по завршувањето на сезоната, би можел да биде промовиран во нов тренер на Фиорентина. „Кориере Фиренце“, пишува дека челниците на клубот, имале една средба со тренерот и неговиот менаџер.
Од страна на Фиорентина, на состанокот биле директорот Даниеле Праде и извршниот директор Џо Бароне.
Сари (62), оваа сезона е без работа, откако доби отказ во Јувентус, во јули минатата година.
Фиорентина, оваа сезона, ја започна со Џузепе Јакини, кој во ноември доби отказ, а на неговото место клубот го именуваше Чезаре Прандели. „Виолетовите“, не блескаат и под водство на Прандели. по 23 рунди во Серија А, се наоѓаат на 14.место на табелата.