(Фото) Известувачот на Макфакс го сними оперираното колено на Новак Ѓоковиќ

(Фото) Известувачот на Макфакс го сними оперираното колено на Новак Ѓоковиќ

пред 3 месеци

На прес конференција по натпреварот против Британецот Џакоб Ферли, Новак Ѓоковиќ за прв пат на Вимблдонскиот турнир се појави без да биде обечен во долен дел тренерки, или со стегач на коленото.

Тој дојде со кратки панталони, при што коленото, кое за време на Ролан Гарос го оперираше од менискус, му беше потполно откриено.

Известувачот на Макфакс Ненад Живановски го забележа тоа и успеа да направи неколку ексклузивни фотографии на кои може со зумирање да се забележат три мали кругови од зараснати рани.

На една од минатите прес конференција, Ѓоковиќ подетално објасни за каков вид на интервенцја станувало збор, при што кажа дека тоа била лапуроскопска операција, во која низ хируршки направена дупка на коленото биле внесени микро камера и скалпер, при што бил остранет оштетениот дел.

Share
Scroll to Top