Франција и Бразил не успеаја да дојдат до нокау фазата

Франција и Бразил не успеаја да дојдат до нокау фазата

пред 3 часа

Првата фаза од Светското првенство во одбојка, на Филипини, заврши со две нега сензации. Пласман во нокаут фазата не изборија освојувачите на златниот медал на последните две Олимпијади, Французите и Бразилците, репрезентација која на последните шест Мундијали освојуваше медал.

Бразил е елиминиран во групата со Србија и Чепка. Србија во третото коло го победи Бразил со 3:0, а со ист резултат Чешка ја совлада Кина со 3:0.

Поради победата на Чешка се создаде круг помеѓу Србија, Чешка и Бразил, каде што сите три селекции имаа по шест бода, но Бразил имаше најслаб сет количник и затоа, како трет во групата, беше елиминиран во првата фаза од Светското првенство за прв пат од 1970 година.

Франција не успеа да ја мине групата, од која меѓу 16-те најдобри се пласираа Аргентина и Финска. Двократните олимписки шампиони не успеаја да ја победат Аргетнина во последното коло. Во драматичен и исклучитено квалитетен меч Аргентија победи со 3:2.

Аргентина заврши како победник во групата со седум бода, Финска продолжи како втора во групата со шест бода, додека Французите беа елиминирани со пет бода.

Аргентинците нема да бидат претерано наградени за освојувањето на првото место во групата, бидејќи во осминафиналето за ривал ќе ја имаат Италија, која ја победи Украина со 3:0 и се пласираше како втора во својата група, откако во првото коло доживеа сензационален пораз од Белгија, која како прва во групата за место во четвртфиналето ќе игра против Финска.

Осминафинални двојки:

Србија – Иран
Тунис – Чешка
САД – Словенија
Бугарија – Португалија
Полска – Канада
Турција – Холандија
Аргентина – Италија
Белгија – Финска

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top