Франција лесно со Холандија, Лукаку ги „казни“ Швеѓаните

Франција лесно со Холандија, Лукаку ги „казни“ Швеѓаните

пред 2 години

Франција, во својот прв меч по поразот во финалето на Светското првенство во Катар, бргу ја „реши“ Холандија со три гола во првите дваесетина минути за 4:0 триумф и убав старт на квалификациите за Европското првенство во 2024.

Белгија исто така имаше фантастичен старт, победувајќи ја Шведска на гости со хет-трикот на Ромелу Лукаку, додека Србија го отвори циклусот со 2:0 победа над Литванија.

По сите шпекулации дека Антоан Гризман е бесен што Килијан Мбапе ја доби капитенската лента во француската репрезентација, токму Мбапе му асистираше на Гризман уште во втората минута за 1:0 водство. Во осмата минута, Дајот Упамекано заби за 2:0, за Мбапе, во 21. минута да стави крај на сите надежи на гостите. Мбапе, во својот прв меч како капитен, во 88. минута го претвори високиот пораз во вистинска катастрофа на тимот на Роналд Куман во неговото деби на холандската клупа.

Ромелу Лукаку, пак, по слабата форма за Интер оваа сезона, се „разбуди“ против Швеѓаните, доминирајќи со хет-трик за 3:0 триумф. Лукаку го отвори резултатот во 35. минута од мечот, во 49. минута зголеми на 2:0, за во 83. минута да го комплетира хет-трикот. Србија, пак, пред малку публика, со головите на Душан Тадиќ во 16. минута и во 53. минута на Душан Влаховиќ. И Чешка имаше убав старт, по 3:1 победата над Полска.

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Франција – Холандија 4:0
Гибралтар – Грција 0:3
ГРУПА Е
Чешка – Полска 3:1
Молдавија – Фарски Острови 1:1
ГРУПА Ф
Австрија – Азербејџан 4:1
Шведска – Белгија 0:3
ГРУПА Х
Србија – Литванија 2:0

Share
Scroll to Top