Фридкин има намера да го продаде Евертон

Фридкин има намера да го продаде Евертон

пред 4 часа

По само две години, Евертон би можел повторно да го промени сопствеништвото, бидејќи „Фридкин Груп“ сериозно размислува за продажба на клубот. „Фридкин Груп“, исто така е сопственик на Рома.

„Фридкин Груп“ разгледува нови инвестициски опции за Евертон. Вклучувајќи ја и продажбата на потенцијален дел од контролниот пакет акции. Кога „Фридкин Груп“ стана сопственик на Евертон, клубот се соочи со значителна финансиска неизвесност и предизвици и на теренот и надвор од него. Непосредните приоритети беа финансиска стабилизација, обезбедување на иднината на клубот и долго ветуваниот нов стадион. Сега кога темелите се обезбедени, вистинско време е да се разгледа ново поглавје за Евертон“, објави „Фридкин Груп“.

Очигледно, „Фридкин Груп“, односно нејзиниот прв човек, американскиот бизнисмен Ден Фридкин, одлучи да го „растовари“ своето портфолио. Освен што е сопственик на Рома, која за прв пат по многу години сериозно се вклучи во борбата за Скудетото, Фридкин сега е сериозно посветен на формирање на франшиза во НХЛ, која би била со седиште во Хјустон.

А каде Евертон беше на списокот на приоритети на Фридкин можеби најсликовито објасни тренерот на „Карамелите“, Дејвид Мојес. Тој изјави дека никогаш не го сретнал Фридкин, иако се врати во Евертон во јануари 2025 година.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top