Хави Галан го напушти Атлетико Мадрид

Хави Галан го напушти Атлетико Мадрид

пред 4 часа

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Хави Галан, потпиша договор со Осасуна, објави клубот од Памплона.

Во соопштението се наведува дека левиот бек потпишал договор со Осасуна до 30 јуни 2026 година, а клубот од Памплона издвоил надомест од 500.000 евра за овој трансфер.

„Во случај двете страни да ја продолжат соработката по 30 јуни 2026 година, мадридскиот клуб ја задржува можноста да добие дополнителни 500.000 евра за секоја сезона што Галан ќе ја игра за Осасуна. Атлетико му даде дозвола на Галан да се приклучи на Осасуна на 29 декември, откако тимот ќе се врати на тренинзи по празниците. Тој официјално ќе биде претставен како нов играч на Осасуна истиот ден“, се вели во соопштението на Осасуна.

Галан оваа сезона ја загуби довербата на Чоло Симеоне, во сите натпреварувања, левиот бек, одигра само 300 минути, 90 од нив се во Купот против четвртолигашот Атлетико Балеари.

Покрај Атлетико, Галан (31) играше за Реал Сосиедад, Селта, Уеска, Кордоба и Бадахоз.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top