Халанд го избрал Реал – Клубот не сакал да преговара со менаџерот Рајола

Халанд го избрал Реал – Клубот не сакал да преговара со менаџерот Рајола

пред 4 години

Иднината на Ерлинг Халанд е една од најинтересните теми во фудбалскиот свет. Пред два дена менаџерот и таткото на фудбалерот, мини Рајола и Алф-Инге Халанд, беа на разговори во Барселона и Реал Мадрид. Интересно, претставниците на Халанд преговараат за неговиот трансфер, иако Борусија Дортмунд најави дека нема намера да го продаде својот најдобар стрелец.

Шпанските медиуми тврдат дека Рајола ги посетил двата клуба за да ја зголеми цената на својот клиент и за да извлече поголема провизија за себе.

„АС“, пишува, дека таткото на Халанд го известил реал дека неговиот син сака да игра само за „кралскиот клуб“. Според овој извор Реал немале намера да влегуваат во натпревар со Барселона и Манчестер сити под финансиските на менаџерот Рајола.

Намерата на Реал и претседателот Флорентино Перез била да оставри директни преговори со Борусија Дортмунд.

Share
Scroll to Top