Поранешниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман вели дека е срамотно што таткото на Ерлинг Халанд заедно со агентот Мино Рајола се обидуваат да му договорат трансфер додека трае сезоната, откако вчера Борусија Дортмунд повторно загуби.
Дортмунд загубија дома со 1:2 од Ајнтрахт Франкфурт, со што се на седум поени од местото кое води во Лигата на шампионите со само седум меча до крајот на сезоната. Поразот доаѓа на крајот на неделата во која Алф Инге Халанд и Мино Рајола беа во посета на Шпанија на преговори со Барселона и Реал Мадрид, а се најавуваше и слична турнеја низ премиерлигашите.
Хаман вели дека Борусија покажале дека немаат „кичма“ со дозволувањето на оваа „турнеја“.
„Најважен меч од сезоната и ти не можеш да го спречиш таквото однесување бидејќи ти е страв да не го вознемириш фудбалерот. Дортмунд треба да се замислат зошто фудбалерите така си бегаат откај нив. Однесувањето на таткото на Халанд и на Рајола е бесрамно, без грам почит. Ако сака да си оди, пуштете го. Дортмунд плати многу пари за 18-годишник, така што тој треба да биде среќен што добил таква шанса“, вели Хаман за „Скај Германија“.