Хаос пред стартот на Мундијалот: Илјадници наставници го окупираа центарот на Мексико Сити

Хаос пред стартот на Мундијалот: Илјадници наставници го окупираа центарот на Мексико Сити

пред 3 часа

Само неколку дена пред почетокот на Светско првенство во фудбал 2026, центарот на Мексико Сити е блокиран од масовни протести на наставници.

Околу 12.000 демонстранти поставија камп во центарот на градот и блокираа неколку клучни сообраќајници, меѓу кои и авенијата „Пасео де ла Реформа“. Во текот на протестите беа урнати и дел од фигурите поставени за промоција на Светското првенство.

Преговорите меѓу владата и наставничкиот синдикат CNTE засега не донесоа решение. Наставниците бараат измени во пензискиот систем и повисоки плати, додека властите предупредуваат дека нивните барања би претставувале голем товар за државниот буџет.

Поради блокадите веќе има нарушувања во организацијата на настаните поврзани со Мундијалот, а дел од обуките за волонтерите се префрлени онлајн.

Првиот натпревар на Светското првенство е закажан за 11 јуни во Мексико Сити, а властите се обидуваат да најдат решение пред пристигнувањето на илјадници навивачи и гости од целиот свет.

Share
Scroll to Top