Харден е во Топ 10 најдобри стрелци во НБА

Харден е во Топ 10 најдобри стрелци во НБА

пред 8 часа

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Џејмс Харден, се најде на десеттото место меѓу најдобрите НБА стрелци во историјата.

Синоќа, во поразот од Минесота, Харден постигна 34 поени, но веќе со 19 (кои ги постигна пред полувремето), го престигна Кармело Ентони на листата на најдобри стрелци во лигата на сите времиња.

Харден досега има постигнато 28.303 поени.

Покрај плејмејкерот на Клиперс, во првите десет на листата има само уште двајца активни играчи, Леброн Џејмс е на првото место и Кевин Дурант, кој е на осмото место со 31.050 поени.

Харден, три пати по ред, од 2017 до 2020 година, беше најдобар стрелец во лигата, го држи и рекордот по број на постигнати поени во еден натпревар во дресот на Клиперс (55) и Хјустон (61).

Тековната сезона на Харден е 17-та во неговата кариера, тој сè уште е без титула и има сè помалку шанси да го подигне шампионскиот трофеј.

На листата на сите времиња на десетте најдобри стрелци во лигата, освен Харден, само Карл Малоун нема шампионски трофеј.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top