Екипата на Хас го претстави болидот со кој ќе се натпреварува оваа сезона во шампионатот на Формула 1. Болидот ја носи ознаката „WF-21“, а ќе го возат дебитантите Мик Шумахер и Никипа Мазепин.
Хас, од сите тимови, направи најмалку промени во однос на минатата сезона. Најзабележливо е дека тимот ги смени боите. На новиот болид доминираат белта, сината и црвената боја. Оваа промена е направена поради главниот спонзор, руската компанија „Уралкали“.
Ко-сопственик во оваа компанија е таткото на Никита Мазепин.
Минатата сезона, Хас, освои само три бода и во конкуренција на конструкторите заврши на претпоследното место, во генералниот пласман.
Новата сезона ќе започне во Бахреин на 28.март.