Хендерсон го напушта Ајакс

Хендерсон го напушта Ајакс

пред 11 часа

Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон  го раскина договорот со Ајакс и го напушта Амстердам по година и пол.

На Хендерсон му остана уште една година од договорот, но Ајакс денес соопшти дека клубот го прифатил барањето на играчот и го раскинал неговиот договор.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул им се заблагодари на клубот и навивачите, но не прецизираше зошто сака да го раскине договорот или какви се неговите планови.

Тој посочи дека поради неодамнешната смрт на неговиот поранешен соиграч Диого Жота во сообраќајна несреќа нема да дава објаснувања за одлуката.

„Со оглед на трагичните настани од изминатата недела и огромната загуба на мојот поранешен соиграч Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, не изгледа правилно да се каже или направи повеќе од оваа кратка изјава во овој момент. Сепак, целосно сум свесен дека им должам на овој клуб, на моите соиграчи и навивачите поцелосна и поперсонална благодарност. Секако, ќе го направам тоа кога ќе дојде време“, рече Хендерсон во соопштението.

Тој се приклучи на Ајакс минатиот јануари по неуспешни шест месеци во Ал Етифак од Саудиска Арабија.

Тој го водеше Ајакс како капитен, но тимот не успеа да го освои холандското првенство.

За време на неговата кариера, 35-годишниот Хендерсон играше и за Сандерленд и Ковентри.

Тој има одиграно 84 натпревари за Англија, постигнувајќи три гола. Тој се врати во тимот оваа година под водство на новиот тренер Томас Тухел.

Share
Scroll to Top