Хендерсон ќе остане без 100 милиони евра ако замине од Саудиска Арабија

Хендерсон ќе остане без 100 милиони евра ако замине од Саудиска Арабија

пред 11 месеци

Џордан Хендерсон сака да ја напушти Саудиска Арабија по секоја цена, дури и ако тоа го чини 100.000.000 евра. Според англиските медиуми, тој е спремен да загуби толку пари само за да се врати во Премиер лигата од каде пред само шест месеци замина на Блискиот Исток.

Проблемите на Хендерсон беа нагласени со лошата форма на Ал Етифак, поради која тренерот на клубот, Стивен Џерард беше под притисок на сопствениците по серијата во која неговиот тим не успеа да победи на осум натпревари по ред.

Втора причина за незадоволството на Хендерсон е фактот што првиот помошник тренер на клубот, Иан Фостер, поднесе оставка за да го преземе тимот од Чемпионшип, Плимут.

Џерард и Фостер беа клучните луѓе кои го доведоа Хендерсон во Саудиска Арабија минатото лето.

Искусниот 33-годишник се бореше со топлината и влажноста во условите за игра. Воопшто не помага што просечната посетеност на натпреварите на Ал Етифак оваа сезона е само 7.800 гледачи.

Хејдерсон заработува нереални 815.000 евра неделно во Ал Етифак и тоа се неоданочени пари.

Сепак, „финтата“ е што нема да плати данок само доколку не се врати во Англија во следните две години.

Бидејќи сака да го направи тоа сега, за да го напушти клубот, секако доколку добие дозвола, ќе треба да плати на име на данок околу 4.000.000 евра.

Ако на тоа се додаде дека вкупниот договор му гарантира 98.000.000 евра, јасно е дека со враќањето во Премиер лигата би загубил 102.000.000 евра.

Share
Scroll to Top