Хенес за Олисе: И да дојде кинескиот цар, нема да преговараме за продажба

Хенес за Олисе: И да дојде кинескиот цар, нема да преговараме за продажба

пред 11 часа

Ули Хенес (74), почесниот претседател на Баерн, одговори на медиумските шпекулации за иднината на Михаел Олисе (24) и ја отфрли можноста за негов трансфер во Реал Мадрид.

„Се насмеав добро кога ги слушнав тие гласини. Олисе има договор уште три години, нема повеќе што да се каже на оваа тема“, рече Хенес.

„Дури и да дојде царот на Кина, нема да седнеме и да преговараме за Олисе“, додаде Хенес.

Олисе, француски напаѓач кој може да игра како крило и како класична „десетка“, со седум асистенции, беше најдобар асистент на Светското првенство, минатата сезона во Баерн имаше 22 гола и 31 асистенција.

„Трансфермаркт“, ја проценува неговата вредност на 170 милиони евра. Се зборуваше дека Реал ќе понуди дури 200 милиони евра за Олисе, кој со тоа би станал вториот најскап фудбалер во историјата. Сепак, се чини дека ништо нема да произлезе од тоа.

Истиот став клубото го има и за Луис Дијаз (29). Хенес нагласи дека клубот нема планови да продаде ниту еден од своите клучни играчи во нападот.

„Го имаме најдоброто напаѓачко трио во светот: Олисе, Луис Дијаз и Хари Кејн. Не ни паѓа на памет да продадеме ниту еден од нив“, рече Хенес.

Хенес, исто така, коментираше за иднината на Хари Кејн (33) среде разговорите за преговори за нов договор. Тој истакна дека англискиот напаѓач е исклучително задоволен од животот во Минхен.

„Не разговарав директно со Хари, но знам дека е многу среќен во Минхен. И ние сме многу среќни со него и нема причина да го натераме да си замине следната година“, рече Хенес и заклучи: „Тој е пример во сè, не само како стрелец или играч на теренот, туку и како личност“.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top