Гордон Хејворд реши кариерата да ја продолжи во Шарлот Хорнетс, чии сосптвеник е Мајкл Џордан.
Хејворд ја искористи опцијата да стане слободен играч и замина од Бостон Селтикс. Се поврзуваше со Атланта Хукс, Индијана Пејсерс и Њујорк Никс, но само тимот на Џордан ги исполни неговите барања.
Хејворд со Шарлот ќе потпише четири годишен договор и ќе заработи 120.000.000 евра.
Минатата сезона за Бостон, по натпревар имаше просечни 17,5 поени и 6,7 скока.