Хорхе Мартин ја прекина доминацијата на Бањаја, ја освои титулата во Мото ГП

Хорхе Мартин ја прекина доминацијата на Бањаја, ја освои титулата во Мото ГП

пред 8 часа

Хорхе Мартин, 26-годишниот возач на Прамак Дукати ја прекина двегодишната доминација на Франческо Бањаја. Шпанецот во Барселона, во последната трка сезонава ја освои титулата во „кралската класа“.

На патеката во Барселона, победи Бањаја, пред идниот клупски колега, Марк Маркез (Гресини Дукати) и Мартин.

На крајот во вкупниот пласман Мартин заврши со 10 поени повеќе од Бањаја. Трет во генералниот палсман заврши Марк Маркез.

Мартин испиша историја во Барселона, стана првиот возач во Мото ГП ерата кој ја освоил титулата како возач на сателистски тим. Историјата испиша и Бањаја, со 11 победи во главните трки не успеа да стане светски првак.

Инаку трката во Барселона беше една од најздодевните во сезоната 2024.

На стартот Бањаја ја одбрани пол-позицијата, а Мартин од четвртото дојде на второто место. Втората позиција Мартин ја држеше до крајот на првиот круг, кога пред него излезе Маркез. До крајот поредокот не се менуваше.

За Мартин ова беше последната трка за Прамак Дукати, светскиот првак во новата сезона ќе вози Априлија. Промени ќе има и во фабричкиот Дукати, на местото на Енеа Бастијанини доаѓа Марк Маркез.

Share
Scroll to Top