Хрватска доби нов селектор

Хрватска доби нов селектор

пред 3 часа

Славен Билиќ официјално беше назначен за нов селектор на хрватската репрезентација.

Билиќ потпиша двегодишен договор, а неговата плата треба да биде двојно помала од онаа на Златко Далиќ.

Данило Буторовиќ треба да биде во тренерскиот штаб, исто како и Деан Рачуница и Ватрослав Михачиќ, а многу веројатно и Ведран Ќорлука, а во игра е и Никола Јурчевиќ.

Експертската комисија на ХНС даде зелено светло и го предложи Билиќ на Извршниот одбор, кој го усвои предлогот.

Славен веќе беше селектор на Хрватска во периодот од 2006 до 2012 година.

Неговиот последен ангажман беше во Ал-Фатех, каде што беше отпуштен во 2024 година.

Share
Scroll to Top