„Црвените ѓаволи“ неколку недели без Погба

„Црвените ѓаволи“ неколку недели без Погба

пред 4 години

Францускиот репрезентативец Пол Погба, поради повреда, неколку недели ќе отсуствува од тимот на Манчестер јунајтед. Погба, се повреди во саботата, во првото полувреме на натпреварот со Евертон. Поради повредата Погба беше заменет на полувремето.

Најдобриот играч на Манчестер јунатед во јануари, против „карамелите“ ја повредил препоната.

Клубот, на својата интернет страница, извести дека Погба ќе отсуствува неколку недели.

Погба ќе пропушти неколку натпревари во Премиер лигата, а нема да игра ниту против Вест Хем во ФА купот, како и против Реал Сосиедад во Лига Европа.

Share
Scroll to Top