Чеферин: Супер е што на ЕП ќе игра и Македонија

Чеферин: Супер е што на ЕП ќе игра и Македонија

пред 4 години

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, во опширно интервју за српски „Информер“, го коментирал и историскиот успех на Македонија, која избори пласман на Европското првенство.

Македонија, преку Лигата на нации, односно по победите над Косово и Грузија, во баражот, се избори за своето прво учество на континенталните шампионати.

„Македонија ме изненади. Тие се добра екипа, со добра селектор, супер е што ќе играат на ЕП. Една мала земја која нема добра економска ситуација доби можност за промоција. Спортските успеси можат да го обединат народот во една држава“, рекол Чеферин

Противници на Македонија на ЕП ќе и бидат Холандија, Украина и Австрија.

Share
Scroll to Top