Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, потврди дека ќе остане на клупата на мадридскиот клуб и следната сезона. Аргентинецот има важечки договор со клубот до 30 јуни 2027 година.
„Да бидам искрен, веќе размислувам за следната сезона. Размислувам за себе. Ќе останам, но размислувам како да пристапам кон новата сезона“, рече Симеоне.
Аргентинскиот стручњак со тоа ги отстрани сите сомнежи за својата иднина и потврди дека ќе го продолжи својот долгорочен мандат во Атлетико Мадрид.
Диего Симеоне го презеде Атлетико Мадрид на 23 декември 2011 година, кога го наследи Грегорио Манзано.
Откако пристигна во Атлетико, Симеоне стана најтрофеен и најдолгогодишен тренер во модерната историја на клубот.
Под негово водство, Атлетико освои две титули во шпанското првенство (2013/14 и 2020/21), Купот на кралот, два трофеи во Лига Европа, два Суперкупа на УЕФА, како и Суперкупот на Шпанија.
Тој, исто така, го предводеше Атлетико до финалето на Лигата на шампионите двапати, во 2014 и 2016 година, но двата пати беше поразен од градскиот ривал Реал Мадрид.
Foto/ Depositphotos






