„Чудото од дете“ Мукоко влезе во германската фудбалска историја

„Чудото од дете“ Мукоко влезе во германската фудбалска историја

пред 3 години

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, 16-годишниот Јусуфа Мукоко стана најмладиот стрелец во У-21 репрезентацијата на Германија, откако постигна два гола против Сан Марино во квалификациски меч за Европското првенство.

Мукоко, кој доби шанса да биде во првиот тим на Дортмунд на само 15 години, веќе сруши еден куп јуниорски рекорди вократката кариера. Мукоко, кој претходно играше за У-16 репрезентацијата на само 12 години, првпат беше повикан во У-21 тимот во март 2021, но доби повреда на лигаментите на коленото и паузираше до крајот на сезоната 2020/21.

Сега, откако беше дел од првите три меча на Борусија оваа сезона, Мукоко беше стартер и во квалификацискиот меч со Сан Марино, на 16 години и 286 дена, по што во првото полувреме постигна два гола. Напаѓачот веќе е најмладиот фудбалер во историјата на Бундеслигата и во Лигата на шампионите, како и најмлад стрелец во историјата во Бундеслигата.

Најголемиот талент на Борусија постигна шест гола!

Фудбалскиот свет полуде, 14-годишник доби договор од 10 милиони евра!

Момче за иднината – Мукоко стана најмлад стрелец во Бундеслигата, Дортмунд загубија во Берлин!

Share
Scroll to Top