Шампионка на Вимблдон не игра на Австралија опен? Лоши вести пред патувањето во Мелбурн

Шампионка на Вимблдон не игра на Австралија опен? Лоши вести пред патувањето во Мелбурн

пред 10 месеци

Чешката тенисерка Маркета Вондрушова се повлече од WTA турнирот поради повреда на десниот колк, неколку часа пред почетокот на натпреварот од првото коло против Белорусинката Аликсандра Саснович.

Нејзиното место го зазеде Американката Тејлор Таунзенд.

Локалните медиуми потсетуваат дека Вондрушова, која минатата година го освои Вимблдон, се повлече од турнирот во Аделаида пет дена пред почетокот на Австралија опен.

Се додава и дека е неизвесно дали чешката тенисерка ќе се опорави до стартот на првиот Грен слем турнир во сезоната, кој започнува на 14 јануари во Мелбурн.

Вондроушова моментално е седма тенисерка во светот.

Share
Scroll to Top