Шампионката на РГ во изолација по контакт со претседателот на Полска

Шампионката на РГ во изолација по контакт со претседателот на Полска

пред 4 години

Шампионката на Ролан Гарос, Ига Швјонтек денеска соопшти дека ќе биде во самоизолација по состанокот со претседателот на Полска, Анжеј Дуда.

Портпаролот на претседателот на Полска денеска потврди дека Дуда има коронавирус, дека добро се чувствува и е во изолација.

Швјонтек со претседателот се состанала во петокот.

Полската тенисерка на Твитер напишала дека нема симптоми, но ќе ги испочитува протоколите и ќе биде во карантин. Таа напишала и дека редовно се тестира, а следниот тест ќе го направи за 3 дена.

При средбата, Дуда и Швјонтек носеле маски и ракавици, но стоеле близу и се ракувале кога претедателот на Полска и доделил награда.

Швјонтек е првата полска тенисерка која освоила грен слем титула во сингл.

Share
Scroll to Top