Швјонтек и Рибакина елиминирани од Вимблдон

Швјонтек и Рибакина елиминирани од Вимблдон

пред 1 час

Бранителката на титулата, Ига Швјонтек и втората на ВТА листата, Елена Рибакина, сензационално се елиминирани од третиот Гренд слем во сезоната, Вимблдон.

Шампионката од минатата година, трета на ВТА листата, Шјонтек загуби од Александра Ијала. Тенисерката од Филипините (32. на ВТА листата), победи во два сета (7:6, 6:2) по повеќе од два часа игра.

Филипинската тенисерка доминираше во вториот сет, но во првиот помина низ многу тешкотии, бидејќи Швионтек беше таа што прва стигна до брејк предноста.

Ијала не само што го надомести дефицитот, туку поведе и со 5:3, но не успеа да го освои првиот сет во својот сервис гем.

Тоа го направат во тај-брејкот (11:9) во кој Швионтек имаше две, а Ијала ја искористи третата сет топка.

Во следното коло, Ијала ќе игра против Јасмин Паолини, која лесно ја победи Марија Сакари (6:1, 6:2).

Претходно во текот на денот, белгиската тенисерка Елиз Мертенс се квалификуваше за осминафиналето на Вимблдон, откако во третото коло во Лондон ја победи шампионката од 2022 година, Елена Рибакина од Казахстан со 7:6 (7:4), 6:1. Мечот траеше еден час и 36 минути.

Во осминафиналето, белгиската тенисерка ќе игра против Чехињата Мари Бузкова, која во третото коло ја победи Русинката Људмила Самсонова со 4:6, 7:6 (7:3), 6:4.

foto/ EPA

Share
Scroll to Top