Шилегов: Додека долгот не биде подмирен градот не може да го преземе Вардар

Шилегов: Додека долгот не биде подмирен градот не може да го преземе Вардар

пред 3 години

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, уште еднаш нагласи дека градот нема да го преземе фудбалскиот клуб Вардар, се додека не биде подмирен долгот, што го има клубот.

Најтрофејниот македонски клуб се наоѓа во тешка финансиска ситуација, која се рефлектира и врз она што се случува на теренот. Вардар се наоѓа пред испаѓање во втората лига.

„Вардар е приватен клуб. Некој одлучил да го продаде, а не нашол механизам како да се покријат трошоците. Јас не можам да го земам клубот со долг од 3,5 милиони евра“, изјави за „Сител“ скопскиот градоначалник Шилегов.

Според него приказната со потенцијалниот инвеститор од Катар се уште не е завршена.

„Инвестицијата од Катар не е затворено прашање. Се додека не добиеме гаранција за враќање на средствата, повторувам дека нема да го земеме“, посочи „таткото на градот“.

Share
Scroll to Top