Шкендија и Работнички остварија сигурни победи со новите тренери, Артим Шаќири и Стојанче Игнатов. Шкендија го совлада Пелистер на гости со 0:2, со головите на Михаил Маневски во 65.минута и на Валмир Нафиу во 78.минута од средбата.
Работнички беше убедлив против Брегалница и на натпреварот што се одигра во Прилеп славеше со 0:3. Методи Максимов ги постигна првите два гола за „романтичарите“, во 16. и во 46.минута, а погоди и Бојан Илиевски во 66.минута од дуелот.
Македонија ЃП со 0:1 ја победи Ренова на гости во Тетово. Филип Алексовски во 90.минута донесе значајни три бода за „лавовите“.
Тиквеш ја победи Струга ТЛ во Кавадарци со 2:0. Ристе Каракамишев во 39.минута и Едиз Спахиу во 41.минута беа стрелци на головите за домаќинот.
Борец и Академија Пандев ремизираа 1:1. Виктор Ангелов во 11.минута донесе водство за гостите, а израмни Крста Ѓорѓевиќ во 56.минута.
Скопје и Шкупи ремизираа без голови на „Автокоманда“.