Шкриниар е прескап, ПСЖ купува дефанзивец од Лајпциг

Шкриниар е прескап, ПСЖ купува дефанзивец од Лајпциг

пред 2 години

Францускиот првак ПСЖ не се откажува од намерата да доведе уште едно квалитетно засилување во одбраната. Сепак, разговорите со Интер за Милан Шкриниар не одат во посакуван правец и тимот бара алтернатива за Словакот. „Нероаѕурите“ бараат огромна сума за својот дефанзивец, а и стоперот не би ја променил средината за плата помала од осум милиони евра по сезона.

Парижаните имаат резервен план. Тренерот Кристоф Галтие и спортскиот директор Луис Кампос се насочија кон младиот Мохамед Симакан од Лајпциг.

Тој е проценет на 40 милиони евра, а ПСЖ можеби ќе понудат и млад фудбалер на позајмица за да ја намалат отштетата.

Share
Scroll to Top