Шлотербек го продолжи договорот со Борусија

Шлотербек го продолжи договорот со Борусија

пред 4 часа

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, потпиша нов договор со клубот.

„Борусија Дортмунд го продолжи договорот со Ник Шлотербек (26) до јуни 2031 година. Германскиот репрезентативец потпиша нов договор овој петок“, се вели во соопштението на клубот.

Шлотербек пристигна во Дортмунд од Фрајбург во 2022 година и оттогаш одигра 155 натпревари за „црно-жолтите“.

Дефанзивецот постигна 10 гола и имаше 18 асистенции. Шлотербек одигра и 25 натпревари за германската репрезентација од своето деби во 2022 година.

Веќе некое време се поврзува со неколку европски гиганти, но со ова потпишување, тие приказни се завршени.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top