Репрезентативната пауза му донесе големи проблеми на менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
Откако во првото коло се повреди италијанскиот репрезентативец, Рикардо Калафиори, синоќа во од Осло, Артета доби уште една лоша вест. Поради повреда натреварот Норвешка-Австрија (2:1) не го заврши Мартин Одерард.
Капитенот на Арсенал и Норвешка, се здоби со повреда на скочниот зглоб. Одегард теренот го напушти во средишницата на второто полувреме.
За каква повреда се работи и колку ќе треба да паузира Одегард ќе биде познато во текот на денот, или најдоцна утре, кога лекарите на Арсенал ќе извршат детални прегледи.
Арсенал викендов го очекува дербито на северен Лондон против Тотенхем. За овој натпревар Артета нема да може да смета на повредените Калафиори и Микел Мерино, односно суспендираниот Деклан Рајс.