Кошаркарскиот клуб Партизан, во текот на сезоната се засили со НБА играчот Камерон Пејн. Но само по два месеци, Пејн реши да се врати во НБА лигата. Тој постигнал договор со Филаделфија.
Шокантни вести за сите црно-бели навивачи, особено што Камерон Пејн беше дел од тимот само два месеци, бидејќи пристигна во Белград кон крајот на декември.
Пејн ги пропушти последните три натпревари на Партизан во Евролигата и АБА лигата поради повреда, а на крајот ќе се покаже дека неговиот настап против Панатинаикос беше и негово збогување со црно-белиот дрес.
Партизан е во големи проблеми, бидејќи поради суспензијата остана и без Дилан Осетковски, кој има забрана за настап до крајот на 2026 година поради употреба на забранети супстанции.
Недолго по првичната вест, „Меридијан Спорт“, објави дека Партизан ќе заработи од заминувањето на Пејн , 1.750.000 долари.
Пејн просечно постигнуваше 12,4 поени и 3,9 асистенции на десет натпревари одиграни во црно-белиот дрес.
Во Евролигата, црно-белите во голема мера се без реални шанси за пласман во плејофот, во АБА лигата синоќа ја отворија втората фаза со победа против Будуќности, а следната задача што ги чека е Купот „Радивој Кораќ“ во Ниш.
Foto/ Starsport






